1 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Навивачи на Рома со расистички навреди кон фудбалер на Сампдорија

Најчитани вести

На вчерашниот натпревар од италијанската Серија А одигран во Џенова, навивачи на Рома упатија навреди на расна основа кон фудбалерот на Сампдорија, Роналдо Виеира.

Судијата Фабио Мареска го забележа непримерното однесување на гостинските навивачи, но немаше официјална опомена на стадионот.

По завршувањето на натпреварот, Рома преку Твитер се извини за однесувањето на навивачите и искажа целосна поддршка кон бескомпромисната борба против расизмот. Клубот од Рим исто така изрази уверување дека предизвикувачите на инцидентот ќе бидат идентификувани и казнети.

Ова не е прв инцидент со расистичко однесување на навивачите оваа сезона. Претходно, на расна основа беа навредувани Ромелу Лукаку, Френк Кеси и Далберт Енрике.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести