1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Навивачите на Јувентус можат да здивнат: Роналдо пристигна во тренинг кампот

Најчитани вести

Како што најавија од Јувентус, Кристијано Роналдо утринава се појави на тренинг кампот на клубот. Португалскиот фудбалер ќе ги мине лекарските тестови и ќе се приклучи на подготовките на својот тим.

Веќе со месеци се пишуваше за иднината на ѕвездата на Јувентус, многумина беа убедени дека ќе се најде на трансфер листата, но сега е јасно дека ќе ја одработи и последната сезона од четиригодишниот договор со “Старата дама“.

За Роналдо беа заинтересирани Спортинг, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Во Серија А, Роналдо постигна 29 голови минатата сезона, во сите натпреварувања вкупно 44 гола во 54 меча.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести