17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Навивачите на Ливерпул собираат пари за да го донесат Мбапе на „Енфилд“

Најчитани вести

Навивачите на актуелниот англиски фудбалски првак Ливерпул решија да организираат акција за собирање средства за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе. Навивачите планираат да соберат 250 милиони фунти и да го донесат Мбапе на „Енфилд“.

– Има околу 100 милиони навивачи на Ливерпул во светот. Ако секој од нив учествува и донираш 2,5 фунти, ќе се соберат доволно пари за да го потпишеме Мбапе. Да ги здружиме силите, се вели во петицијата.

Собирањето средства се одвива на услугата „GoFundMe”. Досега се донирани 2.300 фунти. Порталот „Transfermarkt” ја проценува вредноста на 22-годишниот Французин на 180 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести