Костариканскиот голман Кејлор Навас, скоро извесно заминува од Реал Мадрид, тој дури го имал и последниот поздрав веќе со играчите и дел од управата.
Зидан се обидел да го разубеди, но Навас сметал дека е време по пет години, да ги напушти кралевите.
Навас веќе имал прелиминарен договор со ПСЖ, а се чека да биде потврдено тоа и меѓу двата клуба, а во меѓувреме доаѓа друга информација поврзана со овој трансфер.
АС известува дека овој трансфер всушност може да биде и продуктивна трампа, односно дека Кејлор Навас ќе се пресели во Париз, а во спротивна насока од Париз кон Мадрид, ќе се пресели фудбалерот Ареола.