7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Навални: Ме тераат да гледам државна телевизија осум часа дневно

Најчитани вести

Рускиот опозиционер Алексеј Навални го даде првото интервју од затвор, споредувајќи го со кинески „работен логор“, со дополнување дека бил принуден да гледа државна телевизија осум часа дневно, објави „Гардијан“.

Навални отслужува затворска казна од две и пол години во затворот Покрово, 100 километри источно од Москва.

Тој за „Њујорк тајмс“ рече дека деновите на „напорна работа“ во советскиот гулаг завршиле, но сега се заменети, како што рече, со „психолошко насилство“ преку перење мозок и пропаганда.

– Можете да замислите тетовирани мускулести мажи со челични заби, кои се борат со ножеви за да го земат креветот покрај прозорецот. Ќе треба да замислите нешто како кинески работен камп, каде што сите маршираат по ред, а камери има на сите страни. Исто така, постои постојана контрола и култура на кодошење – рече Навални.

Тој наведува дека стражарите го набљудуваат него и другите затвореници додека гледаат „државна пропаганда“, не дозволувајќи им да читаат или пишуваат, и ако некој случајно заспие, веднаш го будат.

Сепак, се додава во текстот, Навални не се откажува од надежта за иднината на владеењето на претседателот Владимир Путин, инсистирајќи на тоа дека ќе заврши еден ден.

„Порано или подоцна, оваа грешка ќе се поправи, Русија ќе стане демократско општество, на европскиот пат на развој – затоа што луѓето тоа го сакаат така“, рече тој во интервју објавено во средата.

Истакна дека санкциите на Западот кон Русија ќе направат повеќе штета на рускиот народ отколку на луѓето на власт.

Додаде дека никој од затворениците не го нападнал, дури рекол дека се „забавувал со нив“.

Навални, кој според западните разузнавачки служби бил отруен со нервен агенс „Новичок“ минатата година, се врати од Германија во Русија во јануари по лекувањето, но беше уапсен веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Москва, а потоа осуден под обвинение за кршење на условната казна.

Кремљ негираше дека стои зад труењето на Навални и тврди дека затворската казна не е политички мотивирана.

Овој месец, тој е обвинет за нови кривични дела за кои може да остане во затвор уште три години.

Доколку судот го прогласи за виновен, тој би можел да биде ослободен најрано по 2024 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com