СВР Битола поднесе кривична пријава против И.К. (47), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавениот набавил хероин кој го препакувал во помали пакувања и го нудел на продажба на лица на територијата на СВР Битола, а на 22.11.2022 во 01.30 часот на ул.„Даме Груев“, кај едно лице бил пронајден хероин купен од пријавениот.