21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Муцунски: Ќе гласаме, нудиме термини, власта нека обезбеди барем 20 пратеници

Најчитани вести

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нуди решение – седница за економските мерки денеска во 17.00 часот; во сабота во 12.00 часот; во недела во 12.00 часот или седница во кој било термин што ќе ги задоволи желбите на претседателот на Собранието. На таа седница ќе биде присутна нашата пратеничка група. Мнозинството нека обезбеди само 20 пратеници, не мора повеќе, и мерките ќе се донесат“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и понуди веднаш да се изгласаат истите мерки и за април и за мај

„Време е уште денеска да се изгласа петтиот сет мерки и уште еднаш повторувам дека нашата пратеничка група бараше оваа помош да биде неповратна. Истовремено уште сега да изгласаме ваква помош покрај за февруари и март, и за април и за мај. Целта, меѓу другото, е повторно да не ги ставаме компаниите и граѓаните во исчекување. Време е Собранието да покаже одговорност, пратениците да си ја заслужат платата“, рече Муцунски.

Пратеникот обвини дека синоќа спикерот Џафери и владејачкото мнозинство не дозволуваа да се оддржи седница за петтиот пакет економски мерки.

„Седницата упорно не ја отвараа, точките упорно не ги ставаа на дневен ред.
Во овој момент нема побитен закон и поголем приоритет од економските мерки. Затоа е апсолутно нејасно зошто синоќа се правеше сѐ за да не се отвори таква седница. Слушнавме само изговори зошто не се отвара таа седница, но ниту една причина не беше поврзана со деловникот на Собранието. Услови за таква седница има, и време е таа седница конечно да се закаже и оддржи. Срамно е Собранието да не покаже капацитет да ги решава проблемите. Собранието не смее да биде вакво. Собранието не смее да има ваков однос спрема граѓаните и компаниите. Собранието не смее да остане заглавено во дневната политика на штета на граѓаните и компаниите кои сеуште ја чекаат насушно потребната економска помош“, рече Муцунски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести