9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Муцунски: Се обврзувам дека ЌЕ ГИ РЕШАМ ПРОБЛЕМИТЕ во Горно Лисиче

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска беше на средба со граѓаните на Горно Лисиче. На средбата Тимчо Муцунски ја промовираше својата програма и беше зборувано за реалните проблеми на Лисичани, кои со години не се решаваат.

-Како градоначалник на Општина Аеродром, се обврзувам дека ќе ги решам проблемите на сите вас во Горно Лисиче. Во нашата програма, предвидовме проекти и решенија кои што се клучни за вас овде. Ќе поставиме осветлување на патот од Горно Лисиче до Долно Лисиче, ќе ги до доизградиме и асфалтираме улиците онаму каде што е потребно, ќе го решиме просторот за депонирање на кабаст отпад, рече тој.

Муцунски истакна дека Маркова река ќе биде вистинско место за уживање, ќе има кеј, стази за велосипеди и трим патека, и ќе се прошири мостот накај Долно Лисиче.

– Гордоста на Горно Лисиче, Илинденскиот марш ќе биде под покровителство на општината. Ветуваме и ве уверуваме дека ќе изградиме ново детско и кошаркарско игралиште во близина на фудбалското, а ќе изградиме и административно деловен објект – задруга. Она што е многу важно за Лисичани, е дека ќе изработиме ДУП за Горно Лисиче, изјави Тимчо Муцунски.

Тимчо Муцунски во својата програма вети дека Аеродром ќе биде општина со 0 корупција и 0 дополнителен трошок за семејствата за градинка и основно училиште, како и дека Аеродром ќе има нови 100.000 м2 зеленило. Како главен приорите ќе биде и загадувањето, и најави решение со дивите депонии во првите месеци по стапување на функција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com