27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Муцунски за Вонредниот конгрес: Проблемите треба да ги решаваме внатре во партијата

Најчитани вести

„Сите треба да сме свесни дека демократијата значи функционирање на правилата, што значи дека во еден систем кога зборуваме за политичка партија имаме закон за политика партија, но кога зборуваме за конкретна политичка партија таа има статут и мислам дека проблемите во едно семејство, како што е ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека проблемите не треба да ги решаваме преку јавниот дискурс, туку внатре во семејството, да излеземе обединети и да бидеме вистинска алтернатива и тоа да го покажеме час поскоро, бидејќи доаѓаат локални избори, граѓаните се крајно незадоволни од ова владеење на градоначалниците“, вели во интервју за РСЕ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Додава дека треба да се воспостават високи етички и морални стандарди за тоа како се однесуваат во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако се однесуваме согласно највисоките етички и морални стандарди во партијата, таа ќе биде поуспешна во убедување на граѓаните дека таа е вистинската алтернатива дека ќе донесе афирмативни промени во нашата држава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести