28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Мустафа и Курти во последен обид да договорат предизборна коалиција

Најчитани вести

Лидерите не Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), Иса Мустафа и Албин Курти, ќе се сретнат денеска во последен обид да договорат предизборна коалиција за вонредните избори закажани за 6 октомври годинава, објави порталот „Газета експрес”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, средбата на лидерите на двете најголеми опозициски партии во последниот парламентарен состав ќе се одржи на ден пред истекот на законскиот рок, 30 август, за пријавување на предизборните коалиции во Централната изборна комисија (ЦИК).

Мустафа и Курти остварија неколку средби по оставката на Рамуш Харадинај од фунцкијата премиер и по распуштањето на Собранието на Косово, но се уште не постигнале договор за настап со заедничка листа на изборите.

Прашањето околу кое двете партии до сега не усеаја да се договорат е кој ќе ја води идната влада во случај на победа на коалицијата. ЛДК за иден премиер ја номинира досегашната пратеничка Вјоса Османи, додека кандидат на ВВ е лидерот Курти.

Договори за коалиции до сега потпишаа Алијансата за Иднината на Косово (ААК) на премиерот во оставка Харадинај и Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) на приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети, како и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) на досегашните вицепремиери Фатмир Лимај и Беџет Пацоли. Демократската партија на Косово (ПДК) на досегашниот парламентарен спикер Кадри Весели објави дека на изборите ќе настапи сама, односно нема да коалицира со ниту една парламентарна партија.

Коалицијата ААК – ПСД за премиер го номинира Харадинај, кандидат на Нисма – АКР е Лимај, додека на ПДК го номинира својот лидер, Весели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести