9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Мурсели: Посебен буџет, засолништа и психолошка поддршка за жените жртви на семејно насилство

Најчитани вести

Претставничките на невладинoто здружение „Кортекс”-Тетово Сема Халили и Небахат Имери ме информираа и ме запознаа со анализата за процена на потребите на жените жртви на семејно насилство, изјави по средбата Вулнет Мурсели, кандидат за градоначалник на Тетово од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Институционализација на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство“ во спроведувањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство поддржана од Австриската агенција за развој, кој се спроведува на локално ниво од невладината организација „Кортекс“-Тетово.

„На средбата разговаравме за препораките и заклучоците од анализата, каде што невладината организација „Кортекс“ ми ја претстави реалната состојба на проблемите со кои се соочуваат жените жртви на насилство, особено во периодот кога ќе одлучат да го напуштат насилниот партнер. Во мандатот на моето управување со Општина Тетово ќе има посебен буџет за оваа социјално чувствителна категорија, а во соработка со други институции ќе помогнеме во постапката за изградба на засолниште за жени жртви на семејно насилство и ќе им обезбедиме психолошка поддршка и бесплатна правна помош“, вели Мурсели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com