10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Мурсели: Касарната во Тетово ќе стане парк

Најчитани вести

Сегашните објекти во касарната ќе се пренаменат во простор за пензонерите, младите, спортови како шах, пинг-понг, спортски академии, канцеларии, градинка и слично, рече Вулнет Мурсели, кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Негпвата иизборна програма предвидува повеќе аспекти за подобра инфраструктура во градот со ставање акцент на потребата од повеќе зеленило во градот.

„Градската касарна е едно од ретките места каде што остана зеленило, недопрено од урбаната мафија на претходното раководство. Оваа област ќе ја претвориме во градски парк и центар на заедницата која ќе служи на градот. Постојните објекти ќе се пренаменат во простор за пензонерите, младите, спортови како шах, пинг-понг, спортски академии, канцеларии, градинка и слично. Ќе се разгледа можноста за основање на некои институции“, рече Мурсели.

Дел од програмата презентираа и кандидите за советници предводени од носителот Музафер Етеми.

„Предвидени се инвестиции во инфрасктруктурата во секоја населба и во стариот дел од градот. Реставрација на стариот дел од градот, репланирање на плоштадот, нови капацитети за планирање, продолжување на неколку булевари и друго“, рече Етеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com