9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Мурињо пред нов ангажман: Се чисти место за него во ПСЖ

Најчитани вести

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Интер, Португалецот Жозе Мурињо, може да го преземе кормилото на францускиот гигант ПСЖ, објави новинарот Робин Баирнер.

Според него, местото на досегашниот предводник на парижани – Томас Тухел, е неизвесно заради неубедливиот старт на сезоната во Лигата 1. Во првиот натпревар францускиот шампион го совлада Нимс со 3-0, но во вториот загуби од Рен 1-2. Деновиве се појавија информации дека играчите на ПСЖ се незадоволни од методите за работа на Тухел.

Мурињо е невработен од декември 2018 година, кога беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Тој во моментов работи како телевизиски коментатор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com