15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Мурињо по поразот на „Олд Трафорд“: Чекор наназад против екипа со исти цели

Најчитани вести

Манчестер Јунајтед синоќа на свој терен го совлада Тотенхем со 2:1.

Двократен стрелец за „Црвените ѓаволи“ беше Маркус Рашфорд, додека единствениот гол за Тотенхем го постигна Деле Али.

Ова беше прв пораз за Тотенхем откако на кормилото на екипата седна Жозе Мурињо, португалскиот стручњак кој пред доаѓањето во Лондон последниот ангажман го имаше токму во Манчестер Јунајтед.

По мечот Мурињо кратко истакна:

„Беше убаво, пристојно, баш како што и очекував“, прокоментира Мурињо за приемот од страна на навивачите и персоналот по враќањето на „Олд Трафорд“ за првпат по отказот.

„Ова бше чекор наназад против екипа која игра со иста цел како и ние. Која се обидува да се искачи на табелата и да дојде до топ шест. Мораме да продолжиме. Направивме некои грешки, но не е добро сега да се жалиме поради нив, имаме тежок меч во сабота“, изјави Мурињо, па додаде:

„Второто полувреме го започнавме со гол кој е невозможно да го примиме. Не бевме внимателни, спиевме при нафрлувањето од аут и дозволивме Рашфорд да нападне. Кога ќе влезе во казнениот простор потешко е да го чувате, беше паметен и чекаше контакт… Во првото полувреме тие почнаа поагресивно и заслужија предност, можеби и од 2:0, но потоа презедоме контрола… Голот на почетокот од вториот дел му даде на Јунајтед шанса да игра на начинот на кој што играше“, заклучи Португалецот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com