Рома вчера го потврди трансферот на Аргентинецот Пауло Дибала, а португалскиот тренер Жозе Мурињо не мисли да запре со засилувања и сака да ангажира уште еден напаѓач.
Италијанските медиуми пишуваат дека Мурињо почнал преговори со репрезентативецот на „аѕурите“, Андреа Белоти.
Белоти е слободен агент, откако му заврши договорот со Торино, па во моментов нема тим и сака да остане во Серија А.
Мурињо смета дека Белоти ќе биде добра алтернативна за Тами Абрахам и сака да го ангажира во клубот, а наводно веќе двете страни се блиску до договор.