17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Мурињо повеќе не е тренер на Тотенхем

Најчитани вести

Познатиот фудбалски тренер Жозе Мурињо доби отказ по 17 месеци поминати на клупата на англиски Тотенхем, објавија британските медиуми. Португалскиот стратег го напушта клубот од Лондон без освоен трофеј, со што ја прекина својата низа на успеси во која освојуваше бројни натпреварувања со сите екипи што ги предводеше, откако се прослави со Порто.

Мурињо во неговата богата тренерска кариера двапати ја освојуваше Лигата на шампионите. Тој пред Тотенхем ги предводеше Порто, Челси (во два наврата), Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Но, Португалецот со Тотенхем првпат во тренерската кариера претрпе 10 првенствени порази во една сезона, во тековното издание на Премиер-лигата. Тотенхем моментно е седми на табелата во Премиерлигата, беше елиминиран од Лига Европа, а допрва го очекува финалето на Лига купот против Манчестер сити в недела.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем Рајан Мејсон, кој работи во академијата на клубот, ќе го предводи денешниот тренинг на првиот тим, како што беше соопштено.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести