17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Мурињо: Не одигравме добро, но мечот го одлучи непостоечки пенал

Најчитани вести

Даер сакаше да ја исфрли топката надвор од шеснаесеникот но несакајќи го удри Вернер и судијата покажа на белата точка. Жоргињо погоди и му донесе победа на Челси од 1-0.

Пеналот може да се оцени како несреќен потег на Даер, но удар имаше. Сепак Мурињо смета дека тоа не е пенал.

„Точно е дека не игравме добро, но колку шанси имаа тие? Точно е дека ја немавме топката и не создадовме шанси во првиот дел“, вели Мурињо.

„Но тоа не беше пенал. На крајот пеналот го одлучи натпреварот. На крајот тие постигнаа гол од пенал кој не е пенал. Не беше тоа опасна ситуација, еден на еден, тоа беше пенал кој е тешко да се прифати. Болно е кога ќе загубите меч на таков начин“.

„Во второто полувреме бевме поинакви, Лукас и Ламела ни помогнаа да ја промениме динамиката. Чувството ми е позитивно бидејќи видов заедништво на тимот до крајот на мечот“.

Мурињо беше запрашан и што му рече на судијата Маринер по крајот на мечот.

„Не ми се допаднаа неговите перформанси. Имам добар однос со него и тоа ми дава добра позиција да му кажам дека не ми се допаднаа неговите перформанси“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести