2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Мурињо: Најзаслужниот за победата на Челси е Антонио Конте

Најчитани вести

Жозе Мурињо го доживеа својот втор пораз по доаѓањето на клупата на Тотенхем. Овој пат од својот поранешен клуб Челси кој го спречи Португалецот да врзе три едноподруго победи во Премиерлигата.

„Беа подобри од нас во првото полувреме. Не ми е тешко да признам. Играа во систем во кој се многу растеретени. Систем во кој играа две години со Антонио Конте. И многу нивни фудбалери тука се пронаоѓаат многу добро“ – вели Мурињо, и дополнува:

„Ни создадоа многу проблеми на мечот и заслужено победија иако не може да се зборува тука за некаква нивна супериорност. Ова е победа во голема мера благодарение на Антонио Конте“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести