37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Мурињо му одговори на Солскјер: Таткото на Сон е многу подобра личност од тебе!

Најчитани вести

Манчестер Јунајтед на гостински терен вчера го совлада Тотенхем со 1:3 во дербито од 31. коло во Премиер лигата.

Но, деталот кој го обележа мечот се случи во 35. минута кога беше поништен гол на Кавани. Тогаш судијата после прегледувањето на ВАР снимката го поништи голот затоа што Мектоминеј со рака го закачи Сон пред голот да биде постигнат.

„Грешка е што воопшто ја гледаше таа ситуација, тоа беше чист гол. Ако мојот син остане да лежи после такво нешто три минути и десет пријатели му помагаат да стане подоцна нема да добие ништо за јадење“, изјави Солскјер.

Сепак, не се чекаше долго на одговор на Мурињо.

„Сон е среќна личност и има родител која подобра личност од Оле. Таткото секогаш треба да се грижи да го нахрани своето дете, без оглед на тоа што направил. Ако треба ќе крадете, само за да го нахраните детето. Навистина сум многу разочаран од коментарот на Солскјер, а уште повеќе сум разочаран што вие ја игнорирате таа тема“, рече Мурињо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести