Трансфер сагата за Килиан Мбапе е во полн ек. Француското крило не сака да потпише нов договор со ПСЖ, а клубот не си дозволува да го загуби бесплатно. Поради тоа постојат тенизии за неговата иднина.
За време на сагата, своето размислување за Мбапе го изнесе Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак имаше пофални зборови за крилниот напаѓач.
„Кога во тимот го имате Килиан Мбапе, тешко е да не победите натпревар. Тој е еден од играчите кој ги решаваат натпреварите и ги плашат противниците. Мбапе прави сè што може за да покаже дека по Меси и Кристијано Роналдо, тој ќе биде најдобриот“, изјави Мурињо.
Мбапе доби ултиматум, да потпише нов договор или во август ќе биде продаден. Парижани не сакаат да влезат во последната сезона на неговиот договор, а самиот играч одбива да потпише нов.