Жозе Мурињо смета дека Антонио Рудигер треба да биде оној кој ќе биде во центарот на вниманието поради глума, а не Сон поради црвениот картон.
На дербито меѓу Тотнем и Челси, Сон доби црвен картон во второто полувреме поради тоа што без топка го удри Рудигер во градите.
Сон доби три меча суспензија, а Тотнем поднесе жалба на оваа одлука. Мурињо смета дека Рудигер ја одглумил тежината на ударот. Реакцијата на Сон била рефлексна, а ударот ни од далеку силен како што можеби играчот на Челси направи да изгледа.
Во својата прва изјава, Мурињо на Рудигер саркастично му посака брзо опоравување од повредата на ребрата, а сега подетално зборува за целиот случај.
„Се надевам дека Премиерлигата се уште е Премиерлига и секогаш ќе биде Премиерлига и мислам дека фокусот треба да биде на Антонио Рудигер а не на Сон“, вели Мурињо.
„Не зборувам за инцидентот со расизмот, туку за друга работа. Зборувам за тој инцидент, црвениот картон“.
„Премиерлигата ми се допаѓа и затоа што нема простор за такви работи како што тоа го направи Рудигер. Стани и играј машки. Ова е Премиерлига“.
„Во некои земји, особено сега во латинските култури, одите во Латинска Америка, Португалија, Шпанија, Италија и тоа се случува, тоа е културолошка работа, но не во Премиерлигата“.
„Затоа и претходно се обидов со шега да го одбележам моментот“.
„Ајде, мислите дека Рудигер ќе игра на следниот натпревар или мислите дека е повреден од ударот? Јас мислам дека ќе игра“.
„И ние зборуваме за Сон, а не за него“.