10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Мурињо: Да работеше на тренинзите Азар ќе беше супер професионалец

Најчитани вести

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, смета дека Еден Азар, можел да постигне многу повеќе во кариерата. Мурињо и Азар имаа успешна соработка во Челси.

„Еден е извонреден играч со лоша подготовка. Замислите како ќе изгледаше доколку го даваше најдоброто од себе на тренинзите. Азар е неверојатно момче, семеен човек, се чини дека не ѝ припаѓа на оваа генерација фудбалери. Многу е тивок, целосно фокусиран на семејството, децата, родителите. Но, тој секое утро доаѓа да тренира и малку работи“, рекол Мурињо.

„Кога ќе влезе на теренот, не се видливи плодовите на напорната работа во текот на тренинзите. Можете да го забележите само неговиот талент. Да работеше како што треба ќе беше супер професионалец“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com