4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Мурињо го „пецна“ Лацио: Загубија и сега УЕФА мора да плаќа достава за пехарот во КЛ!

Најчитани вести

Како што се ближи римското дерби меѓу Лацио и Рома (недела во 18 часот), Жозе Мурињо не пропушти да ја загрее атмосферата со една шега на сметка на градските ривали.

Небесно сините од Рим синоќа беа елиминирани од Конференциската лига со поразот од АЗ Алкмар со 1-2, на гостински терен, па Португалецот го искористи тоа за да го деконцентрира противникот пред неделната пресметка.

„Жал ми е за УЕФА, што ќе мора да троши пари за достава на пехарот од Конференциската лига. Можеше да остане во Рим, но сега, најверојатно, ќе треба да го пратат во Фиренца“, рече „Специјалниот“, потсетувајќи дека неговата екипа го поседува тој трофеј, од минатогодишното финале.

Истовремено, ова беше и своевиден одговор на спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, кој во ноември, пред првата пресметка меѓу Рома и Лацио (Лацио победи со 1-0), изјави дека Конференциската лига е за губитници.

„Во фудбалот се измислуваат бескорисни натпреварувања како Конференциската лига, која ја нарекувам натпреврување за губитници. Или, пак, Лига Европа, која нема вредност за приходот кој го генерира“, рече тогаш некогашниот албански репрезентативец.

Мурињо ќе биде суспендиран за неделното дерби, поради црвен картон, кој го доби во мечот против Кремонезе, но за него дербито, очигледно, веќе е почнато.

Најнови вести