Мурињо: Враќањето на „Олд Трафорд“ е враќање на местото каде што бев среќен

0

Жозе Мурињо, утре за првпат ќе се врати на „Олд Трафорд“ како менаџер на противнички тим. Во пресрет на натпреварот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, менаџерот на „петлите“ зборуваше за времето минато во Манчестер и порача дека во овој момент е среќен што е предводник на еден така квалитетен и голем клуб.

Со доаѓањето на Моу, лондончани врзаa три победи (Вест Хем, Олимпијакос и Борнмут), а од клубот посакуваат низата добри резултати да продолжи и утре на „Олд Трафорд“, каде Мурињо беше менаџер две и пол години.

„Сакам да играм големи натпревари, против најдобрите на светот. Тоа е најважната работа. Враќањето на „Олд Трафорд“ е враќање на местото каде што бев среќен, можам само тоа да ви го кажам. Имам одличен однос со фановите и верувам во нов одличен прием на „Олд Трафорд“. Но, сега ќе морам да пробам да најдам начин како да го совладам Јунајтед и тоа ми дава поразлична перспектива“, вели португалскиот стратег.

Дербито на колото во Премиер лигата ќе биде од големо значење и за менаџерот на „ѓаволите“, Оле Гунер Солскјер, затоа што може да биде негов последен натпревар на „ѓаволската“ клупа, доколку Мурињо се радува на легендарниот стадион.