10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Мурињо во првиот меч на клупата на Рома постави рекорд

Најчитани вести

Рома ја почна новата сезона во Серија А со победа над Фиорентина од 3-1 во саботата, а на клупата на Римјаните официјално дебитираше Жозе Мурињо.

Мурињо синоќа стигна до 50. победа во Серија А, откако претходните 49 ги оствари како тренер на Интер во период од 2008 до 2010 година.

Португалецот до бројката од 50 победи стигна по само 77 натпревари, а тоа е рекорд во Италија откако се игра „нормално“ првенство во кое победниците добиваат три бода.

Истиот рекорд го држи во Англија и Шпанија. На Островот му требаа само 63 меча за 50 победи, додека во Шпанија беше поуспешен и до бројката од 50 триумфи стигна за „само“ 62 дуели.

„Специјалниот“ во Англија ги предводеше Челси, Манчестер јунајтед и Тотенхем, додека во Шпанија го тренираше Реал Мадрид, а беше треер и на Порто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com