Португалскиот стручњак Жозе Мурињо веднаш се откажа од можноста да го води Њукасл идната сезона откако беше спомнат како еден од кандидатите за менаџерската позиција, заедно со Марко Матераци.
Рафа Бенитез го напушти клубот и најверојатно ќе продолжи во Кина од каде има богата понуда. Њукасл е пред продажба, арапски инвеститори наскоро треба да го преземат, но Мурињо не се гледа како дел од тој проект.
„Може некој да ми понуди најбогат десетгодишен договор, но ако треба да се бори за седмо, осмо или деветто место, не прифаќам да работа. Тоа не е за мене, во мојата природа е да се борам за трофеи, а не за пари“, изјави Мурињо.
Како што сега стојат работите, тој нема да има тренерски ангажман претстојната сезона. Без работа е од декември минатата година кога ја раскина соработката со Манчестер Јунајтед поради низата лоши резултати.