23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Мурињо: Бејл мора да заработи минутажа со добри тренинзи

Најчитани вести

Тренерот на англискиот фудбаслки премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо му порача на Герет Бејл повеќе да тренира и на тој начин да се избори за поголема минутажа на натпреаврите. Фудбалерот одигра само четири натпревари во Премиер лигата откако се врати во Тотенхем со позајмица од Реал Мадрид во септември 2020 година.

– Не можам туку така да им дадам време на играчите. Знаеме дека Герет беше во проблеми последните неколку сезони. Сега е важно за него да тренира доследно и ефикасно. Кога фудбалер редовно вежба, тогаш е подготвен за натпревари. Така заработува минути на теренот. Бејл ќе игра кога ќе почувствува дека имал навистина продуктивна недела на тренинг, изјави Мурињо за „Ројтерс”.

Триесет и едногодишниот Бејл на четирите натпревари на кои доби шанса за настап, постигна еден гол.

Вечер од 20:45 часот Тотенхем ќе игра во ФА купот со Вајкомб.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести