Со голот на косовскиот репрезентативец Ведад Муричи, лацио славеше против Парма со 2:1 во последниот осминафинален меч од Купот на Италија.
Лацио се намачи да дојде до следната рунда откако Парма успеа да се избори за реми со голот на Михаила во 83. минута. Римјаните водеа од 23. минута кога Пароло погоди за 1:0.
Во следната рунда од Купот на Италија, Лацио ќе се сретне со екипата на Аталанта.