5.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Музеј на Град Скопје: Свечено доделување на наградата „Пегаз“

Најчитани вести

Во Музејот на Град Скопје, на 17 декември со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченото доделување на книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“.

На настанот ќе биде промовиран и победничкиот роман од конкурсот за 2019 година – „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук. Промотор на книгата ќе биде Ѕвездан Георгиевски од Фондацијата „Славко Јаневски“. На конкурсот пристигнале 77 ракописи, а за победникот одлучија Димитар Башевски, писател и издавач, Иван Шопов, писател и Бисера Бендевска, уредничка во „Арс Ламина“.

Во краткиот опис за книгата се вели: „Тоа беше мала книшка по обем, со сосема обични корици, еднобојни, но допрени од времето, личеа на печена глина и го имаа оној карактеристичен мирис на стара хартија. Сосема обично и логично. Насловот: Adeptus Anonimus – Sommnium. Година на издавање 1890, Лондон. Издавач: Теозофско Друштво. Морав да седнам. И седнав во еден ќош. Изненадувањето ми беше огромно, но не знам дали поради него, со голема брзина во мојата глава минуваа и се менуваа и Борхесовиот сон и еден одамна прочитан и заборавен сон на Јунг, а го видов и Успенски – иако не знаев како изгледа – како ѝ вели на една мачка: Ако е ова сон, оваа мачка нека се престори во пес“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com