16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

МТСП: Септемвриската пензија повисока за 6.8 отсто

Најчитани вести

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, информираат од МТСП.

Оттаму посочуваат дека новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.

Споредбено со просечната пензија усогласувањето би изгледало вака:

Просечна пензија во јули 2022 година изнесуваше 16.348, а со усогласувањето од 6,8 отсто во септември 2022 година изнесува 17.422 денари (1.074 денари повеќе), информираат од Министерството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com