20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Најчитани вести

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец март 2021 година.

– Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 5 април 2021 година – се вели во соопштението од МТСП.

Оттаму додаваат дека со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот ковид-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 05.04.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

– 06.04.2021– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика ги потсетува граѓаните да се грижат за своето здравје и притоа да ги почитуваат обврските за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести