33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

МСУ ja отвора изложбата „Голем формат 2“

Најчитани вести

Изложбата „Голем формат 2“ oд колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје е отворена за посетители од вчера и ќе трае до почетокот на јуни. На изложбата се претставени дела од девет автори со уметнички дела во голем формат (слики, инсталации и скулптури). Селекцијата на дела од колекцијата на МСУ ја направи кустосот Благоја Варошанец. Во третата изложбена галерија од музејот се изложени дела од Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.
„Голем формат 2“ е изложба на дела од колекцијата, од македонски и од странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот.
– Како го перципираме форматот во уметноста? Огромен пластичен сладолед, огромни кучиња од бaлони, долги ролни од насликани платна или едноставно зголемени фотопортрети насликани на згради низ целиот свет се некои од примерите, каде што димензијата во изразот е доминантен елемент во естетиката на уметничките дела. Форматот се однесува на големината на објектот во однос на друг објект и неретко може да биде еден од принципите на организација на визуелните и структурните елементи во уметноста. Форматот во уметноста не се однесува само на големината на уметничкото дело, туку е релационен принцип за односот кон предметите или односот кон човечкото тело. Релациската естетика стои во основата на уметничко дело, а корпореалноста или просторната компонента може да се сметаат како мерки што го дефинираат или се во сооднос со големината или перцепцијата на делото – истакнува Варошанец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести