28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

„Мој термин“ ќе утврди, а матичниот ќе ве праша дали сакате да примите вакцина – еве како ќе тече процесот на имунизација

Најчитани вести

На затворена владина седница вчера бил усвоен договорот за набавка на кинеската вакцина со што сега е задолжено Министерството за здравство да го потпише договорот.

„Ние ќе го потпишеме договорот, со кој ќе набавиме 200.000 кинески вакцини, кои се за 100.000 граѓани“, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче

Тој додаде дека подготвен е и планот за прием на вакцините од аеродромот до складиштата, како и дека подготвени се капацитетите на соодветна температура каде што ќе се чуваат вакцините.

Инаку системот „Мој тремин“ ќе одреди кој прв ќе се вакцинира, а имунизацијата ќе се спроведе во неколку фази.

Откако системот на „Мој термин“ ќе одреди кои граѓани први ќе примат вакцината, потоа секој матичен лекар добива листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку да, се закажува термин и локација за вакцинаца, доколку не сите податоци се враќаат во системот.

„Секој кој за прв пат ќе ја прими вакцината, веднаш ќе добие термин и за втората доза од вакцината, по 21 ден од приемот на првата доза“, додаде Филипче.

По примањето на вакцината секој добива сертификат дека се вакцинирал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести