Home » Москва одново цел на напади со беспилотни летала

Москва одново цел на напади со беспилотни летала

by Журнал.мк

Москва одново била нападната со две беспилотни летала. Руските власти тврдат дека противвоздушната одбрана навреме ги пресретнала. Претходно, украинските власти ги обвинија силите на Кремљ дека гранатирале спасувачи во станбени згради со два последователни проектили. Според Киев, првиот напад бил за да ги привлече спасувачите на местото на настанот, а вториот да ги рани или убие.

„По ракетниот напад на руските терористи загинаа девет лица. Осумдесет и двајца се ранети. На сите им се обезбедува потребната помош. Меѓу повредените има и две деца, од кои едното е во критична состојба. Им посакувам брзо закрепнување на сите оние кои настрадаа од овој последен чин на руско предавство“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека разговарал за нови одбранбени пакети со холандскиот премиер Марк Руте, вклучувајќи ја и можноста за обезбедување на Киев со борбени авиони Ф-16.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More