23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Москва наскоро ќе преземе мерки како одговор на новите санкции во Вашингтон

Најчитани вести

Заменикот руски министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на средбата со американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан, кој беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, најави дека Москва наскоро ќе преземе мерки како одговор на новите санкции во Вашингтон.

„На амбасадорот му беше кажано дека наскоро ќе следат низа реципрочни мерки“, објави руското МНР.

Руското министерство смета дека Москва долги години покажува исклучително одговорен пристап кон одржување на односите со САД на прифатливо ниво, но дека Вашингтон само ја влошил состојбата за време на последователни администрации, не одговарајќи на конструктивни импулси.

Вашингтон вчера објави дека воведуваат санкции за шест руски технолошки компании и протеруваат десет руски дипломати.

Американскиот амбасадор во Русија по таа изјава беше повикан во руското МНР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести