Home » Москва нападната со украински дронови

Москва нападната со украински дронови

by Журнал.мк

Напад со беспилотни летала врз Москва. Оштетени згради. Според руската војска, еден од дроновите бил откриен над центарот, а другиот над јужниот дел од градот. Леталата биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана.

„Имаше експлозија. Не сум сигурна дека сум безбедна 100 насто. 80 проценти сум сигурна дека се ќе биде во ред“, рече Алиона, жителка на Москва.

„На вести видов дека има напад со дрон во нашата област. Сега немам никакво чувство на безбедност во Москва“, рече Елена, жителка на Москва.

„Живееме во областа каде што се наоѓа Генералниот штаб на Министерството за одбрана и другите згради на Министерството. Разбираме дека нашата област не е безбедна со актуелната политичка ситуација. Но, не можеме да ги напуштиме нашите куќи и да си одиме“, додаде Елена, друга жителка.

Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот во главниот град. Официјални лица инсталирани од Русија наредиле евакуација и на област во Крим, по пријавен напад со украински беспилотни летала во текот на ноќта. Регионалниот шеф назначен од Кремљ, рече дека е погодено складиште со муниција во северната област.

„Беспилотните летала се неутрализирани. Се преземаат мерки. Што се однесува до развојот на одбранбениот систем и обезбедувањето негова поинтензивна работа, ова е прашање за Министерството за одбрана“, изјави портпарол ан Кремљ, Дмитриј Песков.

Во меѓувреме, во руски напад со беспилотно летало врз украинското пристаниште Одеса во текот на ноќта, уништено е складиште за жито, повредени се четворица вработени. Кремљ негираше дека руските сили погодиле црква во Одеса.

„Само минатата ноќ беа оштетени речиси 50 згради во Одеса, од кои 25 архитектонски споменици. Оштетена е и зградата на грчкиот конзулат, а ова е веќе второ конзуларно претставништво во Одеса што е нападнато од руски терор“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Откако се повлече од договорот за извоз на жито, минатата недела, Русија постојано го напаѓа регионот Одеса, каде што се наоѓаат главните пристаништа на Украина во Црно Море.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More