9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Морисон: Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели

Најчитани вести

Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон, 18 месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот.

Морисон кажа дека вакцинираните Австралијци „од следните недели” ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, штом ќе се постигне целта на 80 проценти од вакцинираните.

-Дојде моментот Австралијците да си го вратат животот. Се подготвуваме за тоа и Австралија многу брзо ќе биде подтотвена да тргне, рече Морисон.

Вакцинираните лица, додаде Морисон, ќе можат да бидат ставени во карантин дома седум дена по нивното враќање во земјата, со што ќе се избегне задолжителниот скап 14-дневен карантин во хотел, што во моментов е на сила.

Австралија на 20 март минатата година воведе некои од најстрогите погранични ограничувања во светот, како одговор на пандемијата на коронавирусот, по што во следните 560 дена беа прекинати бројни меѓународни летови, а патувањето во странство беше сведено на минимум.

Семејствата беа поделени на повеќе континенти, австралиските државјани беа блокирани во странство, додека странските државјани беа блокирани во земјата и не можеа да ги видат своите пријатели или родители.

Според Министерството за внатрешни работи, само во првите пет месеци од оваа година биле одбиени повеќе од 100.000 барања за влез или излез од земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com