8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Морачанин контра Петровска за гасоводот низ Водно: Кој лаже, тој и краде!

Најчитани вести

Лидерката на ДОМ Маја Морачанин објави фејсбук статус во кој укажува дека најголемиот проблем се нечесни политичари: „Најголемиот проблем од кој страдаат македонските граѓани се нечесни политичари кои за сопствен личен интерес ги манипулираат граѓаните со невистини. Едно зборуваат во јавност, а кога ќе влезат во институциите каде имаат можност и одговорност да ги спроведат ветувањата и заложбите поради кои граѓаните ги избрале, постапуваат спротивно. Македонските народни поговорки велат: “Кој лаже, тој и краде” и “Ако баба лаже, трап не лаже”.

Маја Морачанин сподели линк до статијата „Дали Ана Петровска од Зелен Хуман град има „допирна точка“ со гасоводот кој минува низ Парк-шумата Водно?“, и упати благодарност до медиумите за борбата против лажните вести и точни информации засновани на факти.
Во статијата „Дали Ана Петровска од Зелен Хуман град има „допирна точка“ со гасоводот кој минува низ Парк-шумата Водно?“ се констатира дека „Нејзината изјава „јас немам никаква допирна точка со гасоводот“ не ја поминува проверката на фактите, затоа што нејзиното име како експерт се наоѓа на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот – гасовод кој поминува низ Водно.“

И Јани Макрадули ја посочи Ана Петровска како една од авторите на студијата:

„Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година. Студија направена во 2011 во многу тишина и зад очите на јавноста. За таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагираа, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година: Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца.“, објави на својот Фејсбук профил Јани Макрадули.

Петровска не негираше дека работела на студијата, но се обиде да се дистанцира од неа: „Ова е една Студија работена пред една деценија, не сум потпишала ништо ниту сум била консултирана за заклучоците, ниту знам кога е одобрена од Министерството за животна средина. Сум дала одредени елементи и поглавја, меѓутоа не можам да застанам да кажам дека целосно ја поддржувам. Јас не сум ја одобрила и не сум застанала зад неа“, рече Петровска за Студијата за гасоводот низ Водно.
На прашањето зошто не излегла да ги поддржи зелените активисти кога Владата, Градот и активистите постигнаа компромис, таа кажа дека тоа би било лицемерно: „Јас во 2018 без назначена како државен секретар, јас како дел од тогашната Зелена партија бев дел од отпорот, но надвор на улици не сум учествувала зашто бев дел од институциите и одлучив да не бидам лицемерна кон институцијата во која во тој момент сум била на функција“, рече Петровска.

Кандидатката за градоначалник на Скопје Ана Петровска, која до неодамна беше потпретседателка на ДОМ, продолжува да се однесува како да е зелен активист, иако сеуште работи во Министерството за животна средина, во секторот за отпад.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com