20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

МОН: Во училиштата немаше партиско гласање

Најчитани вести

Министерството за образование и наука во врска со пласираните информации дека на партиски избори одржани во неделата се гласало во училишта оценува дека станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација.

– Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Министерството.

Се додава дека Министерството за образование и наука работи согласно закон.

– Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука и се апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести