20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

МОН: Бројките демантираат уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Во Северна Македонија има 16 500 матуранти кои завршуваат четиригодишно средно училиште. Од нив, дури 15 000 или рекордни над 93 отсто, се пријавиле да полагаат државна матура, што значи огромен интерес кај мантурантите, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

Според Министерството, средношколците се едногласни дека овој завршен испит им е неопходен.

– Ова е уште една ситуација во која бројките ги демантираат лагите на опозицијата, кои и оваа прилика со учениците ја користат да ја исполитизираат, иако законски е забрането политичко дејствување во училиштата. Партијата на Христијан Мицкоски ги користи малкутемина, незначителен број матуранти, кои наводно бојкотираат настава незадоволни од матурата, да ги критикува реформите во образованието и да и преставува на јавноста лажна слика дека учениците не сакаат да полагаат, велат од МОН.

Токму затоа, Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставениот комбиниран модел затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје и дека полагањето државна матура е законска обврска.

Од МОН појаснуваат дека имаат законска обврска да ја организираат матурата за учениците што планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство.

Испитите, како што дополнуваат, ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. Mатурата, која е право на избор, на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да ја полагаат.

– Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети, стои во соопштението на МОН.

Од таму дополнуваат дека Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.

– Огромниот интерес кај матурантите покажува дека тие го сфатиле концептот со завршниот испит и дека се свесни оти понатамошниот образовен процес може да го продолжат само ако имаат положено матура. Оваа година матурата ќе се полага согласно утврдениот концепт, во чие дефинирање учевствувале и самите средношколци, соопштија од Министерството.

За следната година, како што посочуваат, се најавува целосно нова концепција на државната матура, според современи стандарди.

– Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети. Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците, стои во соопштението од МОН.

Според Министерството, со масовното пријавување за државна матура, средношколците испратиле зрела порака до политичките партии да останат надвор од школските клупи и да не предизвикуваат тензии и поделби помеѓу учениците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести