Home » Монтевидео се „тресеше“ – Суарез по 16 години повторно стрелец за Насионал

Монтевидео се „тресеше“ – Суарез по 16 години повторно стрелец за Насионал

by Журнал.мк

Луис Суарез уште еднаш го потврди својот статус како легенда на уругвајскиот фудбал, откако по пауза од 16 години повторно беше стрелец за неговиот Насионал од Монтевидео.

Во мечот од Клаузура шампионтот на Уругвај, Насионал стигна до 3:0 победа над Рентистас на преполниот „Гран Парк сентрал“ стадион, а атмосферата експлодираше кога поранешниот голгетер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид во 59. минута постигна убав гол по асистенција на Окампо. Посебно интересна беше реакцијата на неговата сопруга која беше на трибините.

Суарез пропушти уште една шанса за гол, кога во 84. минута од мечот промаши од белата точка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk