11 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Момче тешко повредено во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Најчитани вести

Гостивар, 3 декември- Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:10 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Зајас.

Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу автомобил „Киа рио“, со охридски регистарски ознаки управувано, од А.И.(45) од Струга и товарно моторно возило „форд транзит“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(34) од с.Колари.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во товарното моторно возило, А.А.(21) од с.Зајас, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

претходниот член,Исчезна дете од тетовско
Следната статијаЈоце Панов стана татко

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести