Home » Молдавија идентификува руска активност за „дестабилизација“ на државата

Молдавија идентификува руска активност за „дестабилизација“ на државата

by Журнал.мк

Молдавските разузнавачки служби објавија дека откриле „дестабилизирачки“ активности откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е откриен руски план насочен кон поранешната советска република.

„Врз основа на информациите обезбедени од нашиот украински партнер и внатрешните податоци, потврдуваме дека идентификувавме активности насочени кон слабеење и дестабилизација на Молдавија“, напишаа во соопштението на молдавските разузнавачки служби (СИС).

„Во оваа фаза не можеме да дадеме повеќе детали поради ризикот од компромитирање“ на мерките преземени за „разјаснување“ на она што се случило, се додава во соопштението.

„Нашите институции работат на безбедноста на земјата и ги користат сите информации од нашите партнери за да спречат такви обиди“, реагира проевропската претседателка на Молдавија, Маја Санду.

Шефот на украинската држава за време на посетата на Брисел изјави дека е откриен „план за уништување на Молдавија, план кој бил во рацете на руските разузнавачки служби“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk