Home » МОИ СОГРАЃАНИ, БИДЕТЕ ГОРДИ! Маричиќ вели дека европската иднина е веќе обезбедена

МОИ СОГРАЃАНИ, БИДЕТЕ ГОРДИ! Маричиќ вели дека европската иднина е веќе обезбедена

by Журнал.мк

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Унија, од каде испрати честитки до граѓаните по повод почетокот на преговорите, со кои за земјата и граѓаните е обезбедена поинаква и подобра иднина.

„Сè што правевме досега, сите напори, труд и заложбата кои ги вложивме во процесот на евроинтеграција и негово деблокирање, е направено за нашите граѓани да живеат подобро и како сите останати европски народи“, пишува на својот Фејсбук профил Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека со денешната првата Меѓувладина конференција ги отвара преговорите со Унијата, со што формално станува дел од процесот на пристапување кон големото европско семејство и дека овој пат има само еден крај-полноправно членство на Македонија во ЕУ.

„Пред нас е период на големи предизвици во кој уште повеќе ќе мора да работиме и да се посветиме на реформите, за да ја оправдаме довербата што ни ја укажа ЕУ, но и да ги реализираме очекувањата на нашите граѓани“, додава Маричиќ.

Според вицепремиерот, ова е најважниот настан за Северна Македонија после членството во НАТО, со што Северна Македонија исполнува уште една стратешка цел, која го одредува патот по кој треба да тргне нашето општество.

Денеска во Брисел, владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, присуствуваше на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Унија, на која беа презентирани општите политички ставови на двете страни. Најпрво, Европската Унија ја претставува генералната позиција на Европската Унија, по што земјата кандидат ја претставува својата генерална позиција.

По завршувањето на меѓувладината конференција ќе се одржи состанок за отворање на скрининг кој ќе го отворат еврокомесарот за проширување Вархеји и вицепремиерот Маричиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk