23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Мозокот на модерниот човек се развил подоцна отколку што се мисли

Најчитани вести

Мозокот на модерниот човек е многу помлад отколку што се претпоставуваше досега и веројатно се развил пред милион и пол години, односно откако човекот се исправил на две нозе, тврдат научниците.

Нашиот најстар предок од родот Хомо, група на која припаѓаат и модерните луѓе, се појавил пред 2,5 милиони години со примитивни мозоци налик на оние на мајмуните, со големина отприлика половина помали од што е кај денешниот човек.

Кога и каде точно се развил мозокот во она што нас денес не прави луѓе? На тоа прашање научниците пробуваат да најдат одговор уште откако постои теоријата за потеклото на човекот.

„Се претпоставуваше дека модерниот мозок се развил на самиот почеток од постоењето на родот Хомо, значи пред отприлика 2,5 милиони години“, вели палеоантропологот Кристоф Цоликофер од Универзитетот во Цирих, еден од авторите на студијата објавена во магазинот Science.

Цоликофер и неговата колешка Марсиа Понсе де Леон проучувале фосилизирани черепи од Африка, Грузија и од островот Јава и откриле дека таа еволуција на мозокот се случила многу подоцна, пред 1,7 до 1,5 милиони години.

Големо изненадување

Бидејќи мозокот не може да се фосилизира, единствениот начин да се открие неговиот развој е преку проучување на трагите оставени во черепите. Поради тоа научниците прават виртуелен ендокаст, односно отисок од мозокот кој одамна бил во черепот.

„Кај луѓето, Брокиниот дел, фронталниот дел од мозокот кој управува со говорот, е многу поголем отколку оној кај човеколиките мајмуни. Проширувањето на тој дел резултирало со поместување на сѐ она што се наоѓа зад него“, објаснува Цоликофер.

Со проучувањето на черепи од Африка научниците утврдиле дека примероците стари околу 1,7 милиони години сѐ уште имале фронтален лобус карактеристичен за човеколиките мајмуни.

Извор: National Geographic

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести