2 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Можностите за инвестиции во државава претставени на бизнис форум во Катанија

Најчитани вести

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија се претстави на македонско-италијански бизнис форум кој се одржа во Катанија.

Претставници од присутните компании од машинската и ИТ индустрија изразиле интерес да ја посетат нашата земја и побарале организирање состанок за подетално запознавање со бизнис климата по завршување на форумот,соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Директорот на Агенцијата, Арбен Виља во обраќањето на форумот изразил подготвеност за остварување поблиска соработка со компаниите заинтересирани за запознавање со инвестициските можности на нашата земја, ја истакна улогата на Агенцијата во процесот на привлекување странски директни инвестиции и ги претставил реформиските процеси што ги спроведува Владата за поддршка на капацитетите на домашните компании.

Иван Илиев, државен советник во АСИПИРСМ и поранешен промотор во Милано, ги претставил инвестициските можности на нашата земја, поволната бизнис клима и условите за почнување и водење на бизнис, а Бесник Фетаи, проректор на Универзитетот на Југоисточна Европа го претставил моделот на овој Универзитет со Технолошкиот парк, каде моментно работат 20 компании. Тие се основани од дипломирани студенти од УЈИЕ, работат за странскиот пазар, а нивна главна активност е креирање на софтверски производи и развој на софтвер.

Пред почетокот на форумот делегацијата од нашата земја ја прими градоначалникот на Катанија,Салво Поглиезе на која се дисктурирало за можноста за поблиска економска соработка во иднина. Градоначалникот изразл подготвеност да ја посети нашата земја и да ги повика компаниите поблиску да се запознаат со можностите кои ги нуди нашата земја. Од Агенцијата за странски инвестиции очекуваат средбата да резултира со нови успешни проекти и зајакнување на соработката во различни сфери каде што ќе има заеднички интерес.

Делегацијата од државава ја продлжува посетата на Италија со средби во Стопанската комора на југоисточна Сицилија, со ректорот на Универзитетот Катанија и организацијата на индустријалците на катанија Confindustria Catania.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести