14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Може ли Роналдо да направи сензационален трансфер во Манчестер Сити?

Најчитани вести

Кристијано Роналдо има уште една година од договорот со Јувентус. Португалскиот фудбалер нема јасна слика околу својата иднина, но сите веруваат дека до наредното лето ќе остане во Серија А.

Меѓутоа, додека трае неизвесноста, светските медиуми шпекулираат каде би можел да заврши. Уште ова лето некои таблоиди пишуваат дека 36-годишникот ќе стане член на Манчестер Сити. Празнината која ја остави Серхио Агуеро во нападот на „граѓаните“ е причината да се верува за реализација на овој трансфер. Пеп Гвардиола не може никако да стигне до соработка со Хари Кејн или Ерлинг Халанд, па ќе разгледува резервна опција, која наводно е Роналдо.

Ситуацијата на договорот на Португалецот носи негова пониска пазарна цена. Тоа е причина плус за управата на Сити да влезе во преговори за сензационален кам-бек на искусниот голгетер во Премиер лигата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com