Два натпревари од првото коло во квалификациите за УЕФА конферренциската лига се под истрага на УЕФА дека се наместени, еден од нив е дуелот на Македонија Ѓорче Петров.
УЕФА ќе го истражува натпреварот кој Македонија Ѓорче Петров го загуби од РФС Рига со 4:1. Овој натпревар претходно беше сомнителен и затоа што полски медиуми објавија дека била забележана уплата од 250.000 евра.
„Во согласност со својата долгогодишна практика УЕФА се воздржува од коментирање на истрагите, па дури и од постоење потенцијални истраги за наводно местење натпревари. Целта е да не се компромитираат истражните процес. Во однос на активностите против местење натпревари на национално ниво УЕФА обезбедува широк спектар на експертиза на своите национални асоцијации и посебно за својата мрежа службеници за интегритет“, објави Европската куќа на фудбалот.
„Атлетик“ кој исто така објави за скандалот додаде и дека од Македонија Ѓорче Петров не сакале да го коментираат случајот. Вториот сомнителен натпревар помеѓу Алашкрет (Ерменија) и Арсенал Тиват (Црна Гора).