14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Модуларната болница во Куманово ги испиша и последните пациенти

Најчитани вести

Модуларната ковид болница во Куманово денеска става клуч на врата, откако ги испиша и последните пациенти кои беа хоспитализирани со коронавирусот.

Четири пациенти имало во модуларниот ковид центар, но бидејќи биле негативни преместени се на други оддели и засега ќе остане да функционира само регуларното Инфективно одделение.

– На наша радост, а се надевам и на радост на сите наши сограѓани, бројката и кај нас конечно е на тоа ниво да можеме да работиме само на еден пункт со ковид пациенти. Последниот извештај од утрово беше да имаме вкупно 12 пациенти болни од ковид-19, четворица во модуларната и осум на Инфективниот дел одел. Дел од оние пациенти што беа на модуларна болница се упатени, бидејќи се негативни, но имаат пост-ковид последици на белите дробови, се упатени на Интерното одделение, еден на пулмологија и друг на Одделот за инфективни болести, изјави директорката на Општа болница Куманово Снежана Захариева.

Захариева изрази надеж дека трендот на намалување на бројот на новозаболени ќе продолжи и претстојната есен да немаме нов бран.

– Се надевам од есен да немаме таква бројка како во изминатите бранови, особено последниот беше страшен, тежок, со голем број пациенти, тешка клиничка слика, бројчано многу пациенти и во дневна болница и во трите ковид оддели, да се надеваме дека нема ова да се повтори, рече таа.

Захариева апелираше до граѓаните да го користат убавото време за дружба на отворено.

– Јас ќе апелирам до граѓаните да го искористат оваа убаво време и за дружба и за активности што повеќе на отворнео, да се искористи секој убав ден, доволно бевме во затворени простории, што секако допринесе и за побрзо ширење на вирусот, којшто за жал однесе и човечки животи и однесе многу последици по здравјето на оние кои што се разболеа, порача директорката на кумановската болница.

Се што е претерано, вели таа, може да го загрози здравјето на сите, па затоа упати порака граѓаните да бидат внимателни, да се дружат во рамките на нормалното.

– Ќе им посакам добро здравје, убави летни одмори и со добро здравје го дочекаме наредниот период, наредната есенска сезона. Се надевам дека оние што имаат потреба за други здравствени прегледи ќе можат да си посветат повеќе внимание на своето здравје, да се контролираат и спремни да ја пречекаат зимата, рече таа.

Денеска последната смена работи во модуларната болница, каде изминатите месеци имаше огромен број пациенти. Засега останува да функционира само Инфективното одделение, каде има место за 20 пациенти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести