23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Модриќ: Се чувствувам како да имам повторно 27 години

Најчитани вести

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој беше прогласен за најдобар играч на реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта (3:1, прв натпревар 1:0), рече дека се чувствува подмладено.

– Тренерот побара од нас да притиснеме повисоко. Ова е она што го направивме. Ова ни даде доверба. Се чувствувам како да сум повторно 27. Не размислувам за мојата возраст. Не е важна ознаката во пасошот, туку вашата игра на теренот. Сè уште сум гладен да се борам на највисоко ниво и да работам секој ден за да останам тука. Сега беше важно да се пласираме во четвртфиналето по две сезони кога бевме елиминирани порано. Можеме да одиме многу далеку, истакна Модриќ.

Триесет и петгодишниот хрватскиот репрезентативец во Реал Мадрид е од 2012 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести